Tuesday, May 15, 2012

TRAVELING:Kusadasi,Turkey
















Доколку оваа година за летна дестинација го одберете Кушадаси, можете да бидете сигурни дека нема да погрешите. Тука секој ќе најде нешто за своите желби и потреби, добар одмор, забава и уживање. Кога конечно ќе пристигнете , најпрво се сретнувате со временска разлика од 1 час пред нас, па со температурна разлика ( преку ден 35 - 40 степени ) , а потоа со неверојатната гостопримливост на турските домаќини кои ќе Ви посакаат добредојде.Тука никогаш нема да почувствувате дека сте помалку посакуван гостин како во некои други туристички дестинации. Тие се луѓе кои ги ценат Вашите пари и еднакво се трудат кон сите свои гости. По целодневното уживање на прекрасните плажи и капењето во топлото море ( околу 23 степени ) , на располагање Ви стојат безброј кафулиња, ресторани, дискотеки на отворено од кои домаќините непрестано Ве довикуваат. Во Bar street најмногу има Ирски пабови. Забава во некој локален паб или дискотека е идеален начин да го завршите крајот на денот. Добрата позиција овозможува посета на бројни антички локалитети како на пример Милет, Дидим, Памуккале, Ефес ... Во старите градски ѕидини се наоѓа едено од 7 –те светски чуда на стариот свет - Артемидовиот храм. Спроти Кушадаси ќе го забележите и грчкиот остров Самос – погодно за еднодневен излет. Се на се, што и да одлучите да правите , никако нема да Ви биде здодевно и секако ќе Ви остане во убаво сеќавање и можеби повторно ќе посакате да се вратите таму. ;

2 comments: